Boost Up

За Нас

BoostUp Clinic & Academy е современ едукативен и терапевтски центар каде што се спојуваат учењето, личниот развој и грижата за телото.

Нашата мисија е да ги следиме трендовите и реалните потреби на пазарот на труд, нудејќи практични и актуелни програми за сите кои сакаат да започнат нова кариера или да го унапредат своето знаење.

Обуки за побарувани занимања:

Нудиме професионални и интензивни обуки за најбараните занимања, дизајнирани со внимателен баланс помеѓу теорија и пракса, под водство на искусни едукатори и ментори. Дел од нашата понуда вклучува:

  • Обука за шминкер
  • Обука за изработка на нокти
  • Обука за Swedish Relax масажа
  • Обука за свилени трепки
  • Обука за фризер
  • Обука за депилација
  • Обука за козметичар
  • Обука за електричар
  • Обука за туристички агент
  • Обука за професионална дигитална фотографија
    …и многу други актуелни занимања кои носат реални можности за работа.

Масажни третмани:

Во рамки на нашиот центар функционира и BoostUp Clinic – професионален простор за масажа и грижа за телото. Понудата вклучува третмани кои овозможуваат релаксација, регенерација и терапија:

  • Релакс масажа
  • Медицинска масажа
  • Спортска масажа
  • Хиџама терапија (сува и водена)
  • Вендузи (Cupping Therapy)
  • Мадеро терапија

Во пријатен и професионален амбиент, секој клиент добива персонализиран пристап и третман кој одговара на неговите потреби.

 

Нашиот тим секогаш стои на располагање за поддршка и советување, со цел секој учесник и клиент да добие максимум вредност – било да се стреми кон нова кариера или подобро здравје.

BoostUp Clinic & Academy – тука сме да ве поддржиме на вашиот пат кон напредок и благосостојба.