Обука за фризер
Вовед во курсот
Без разлика дали сте почетник со желба да влезете во фризерскиот занает или веќе имате искуство и сакате да ги усовршите своите вештини, нашата обука е дизајнирана да ги задоволи вашите потреби. Програмата нуди комбинација од теоретски знаења и практични техники, овозможувајќи ви да стекнете компетенции за изработка на современи и класични фризури, а истовремено развијте вештини за градење успешни односи со клиентите.
Совладајте ги основите на фризерскиот занает и стекнете знаење што ќе ви овозможи да станете професионалец кој нуди креативни решенија и услуги на највисоко ниво.
- Основни фризерски алатки и опрема: Видови фризерски ножици, машинки, фенови, чешли и четки. Како правилно да се користат и одржуваат.
- Подготовка за работа: Подредување на работниот простор, организирање на алатки и материјали за ефикасна работа.
- Типови и грижа за коса
- Разбирање на различни типови коса и состојби на скалп.
- Избор на соодветни производи за грижа според типот на косата.
- Техники за миење и подготовка на коса.
- Фенирање и обликување на коса
- Техники за сушење, фенирање и обликување.
- Ондулација и бранови на коса.
- Изработка на дневни и свечени фризури.
- Потстрижување
- Основи на потстрижување: права, слоевита и креативна форма.
- Техники на потстрижување според типот на коса и желбите на клиентот.
- Боење и белеење на коса
- Основи на боење
- Современи техники за боење: омбре, балајаж и преливање и шатирање
- Белеење на коса
- Нега на коса по боење и белеење.
- Работа со клиенти
- Комуникациски вештини и советување за стилови.
- Персонализирани препораки за грижа и одржување на косата.
- Практична работа
- Практични вежби на модели и симулација на реални ситуации.
Обуката за фризер се реализира во професионално опремен фризерски салон, каде што учесниците ќе стекнат теоретско и практично знаење. Работејќи со современи фризерски алати и техники, под водство на искусни инструктори, ќе научите како да негувате, обликувате и бојадисувате коса, како и да изработувате фризури за секојдневна и свечена примена. Оваа обука ви овозможува да развиете креативност и да стекнете вештини кои можете да ги примените како самостоен професионалец или во тим.
Оваа обука ќе ви овозможи да стекнете клучни вештини за успешна кариера во фризерството. Ќе научите како да ги комбинирате креативноста и техничките вештини за да создадете извонредни резултати. Ќе се запознаете со различни типови коса, техники за стилизирање и професионален пристап кон клиентите. По завршувањето, ќе имате практични искуства и самодоверба со што ќе бидете подготвени да работите во салони или да започнете сопствен бизнис.
Времетраење: 2 месеци.
Цена: 20.000 денари
Место на реализација: Часовите се одржуваат во просториите на Boost Up Education - Пелагонка 2, Битола.
Научете го занаетот на фризер и стекнете вештини кои ќе ви овозможат да започнете успешна кариера, било да работите самостојно или во салон, создавајќи уникатни фризури за секој клиент.