Обука за естетичар за нокти
Вовед во курсот
Обуката за изработка на нокти со гел техника е совршен избор за сите што сакаат да се специјализираат во областа на маникирот со фокус на гел техника. Без разлика дали сте почетник или сакате да ги надградите своите вештини, оваа обука ќе ви овозможи професионални знаења и практични искуства кои ќе ве подготват за успешна кариера.
Програмата е внимателно осмислена за да ги опфати сите аспекти на гелната техника. Преку практична настава и водство од искусни професионалци, ќе научите како да креирате совршени нокти со долготрајна издржливост и одличен естетски изглед. По завршувањето на обуката, ќе бидете подготвени да работите професионален маникир, самостојно или во салон.
- Вовед во гел техника и основни поими
- Препознавање и употреба на професионални алатки
- Хигиенски стандарди и безбедност при работа
- Стерилизација на алатки и дезинфекција
- Подготовка на ноктна плочка за гел техника
- Правилна нега и заштита на природните нокти
- Основни техники за нанесување гел
- Примена на вештачки продолжетоци (типсови)
- Изработка на различни форми на нокти
- Полирање и финиш на нокти
- Примена на уметнички дизајни и декорации
- Изработка на френч маникир и омбре дизајн
- Масажа и нега на раце и дланки
- Одржување на долготрајност на гел ноктите
- Правилно отстранување на гелот
- Работа со клиенти и организација на услуги
Програмата е внимателно осмислена за да ги опфати сите аспекти на гел техниката. Преку практична настава и водство од искусни професионалци, ќе научите како да креирате совршени нокти со долготрајна издржливост и одличен естетски изглед. По завршувањето на обуката, ќе бидете подготвени да работите професионален маникир, самостојно или во салон.
- Стекнување на практични вештини за гелна техника
- Работа со професионални алатки и материјали
- Сертификат за завршена обука, признат од индустријата
- Подготовка за работа во салон или самостојно
- Можност за консултации и поддршка од предавачите и по завршувањето на обуката
Започнете ја кариерата
со практично учење
Времетраење: 1 месец
Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа од 60 мин.
Вкупната цена на обуката е 18.000 денари, со месечни рати од 9.000 денари или целосна уплата со 10% попуст, со што вкупниот надомест ќе се намали на 16.200 денари.
Часовите се одржуваат во нашите простории во Пелагонка 2, Битола.
Почеток на нова група: 30.05.2025 година