Обука за депилација
Вовед во курсот
Обуката за депилација е прецизно креирана и истата ги опфаќа сите аспекти на оваа техника, обезбедувајќи сеопфатно знаење и вештини од теорија до практичната примена. Започнувајќи со основите, ќе се напредува кон посложени техники, што ќе ви овозможи целосно да ги разберете и примените принципите на депилацијата. Програмата опфаќа интерактивни предавања и демонстрации од нашите искусни инструктори, кои ќе ви ги пренесат своите експертизи. Покрај теоретските лекции, обуката вклучува и интензивни практични вежби каде што ќе имате можност сами да примените што сте научиле. Ваквата структура на обуката е дизајнирана да ве подготви за реални предизвици во областа на депилацијата.
Опремување и Организација на Работниот Простор
- Опремување со Алатки и Организација: Подготовка и уредување на работниот простор со сите неопходни алатки за депилациски третмани.
- Материјали и Алатки за Депилација: Запознавање со различните материјали и алатки кои се користат при депилација.
- Одржување Хигиена: Придржување до високи хигиенски стандарди за апарати, алатки и работна околина.
- Лична Хигиена и Хигиена на Простор: Примена на соодветни методи за одржување на лична и просторна хигиена.
Комуникација и Проценка на Клиентите
- Правилен Пристап кон Клиентот: Развивање на вештини за професионална и етичка комуникација со клиентите.
- Проценка на Кожата: Утврдување на состојбата на кожата на клиентот и избор на соодветен депилациски третман.
Техники и Методологии
- Структура и Раст на Влакното: Детално разбирање на структурата на влакното и фазите на неговиот раст.
- Видови Восоци: Преглед на различни типови восоци, нивните карактеристики и намена.
- Нанесување и Отстранување на Восок: Техники за правилно нанесување и отстранување на топол и ладен восок.
- Превенирање на Грешки: Како да се избегнат најчестите грешки при депилација и како да се справите со кожни реакции после третманите.
Практична Примена
- Депилација на Различни Делови од Телото: Техники за депилација на раце, нозе, интимна зона, стомак, грб и пазуви.
- Депилација на Лице: Специфични методи за депилација на лицето.
- Обликување на Веѓи: Правила и техники за обликување на веѓи според обликот на лицето, вклучувајќи восок и пинцета.
- Нега на Кожата После Депилација: Избор и примена на квалитетни препарати за нега на кожата после третманот.
Програмата за депилација е насочена кон стручно оспособување на кандидатите во областа на козметиката. Стекнатите вештини ќе им помогнат на учесниците да се истакнат на пазарот на трудот и да најдат вработување во престижни салони за убавина.
Обуката е со времетраење од еден и пол месец.
Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа од 45 мин.
Часовите се одржуваат онлајн или во просториите на Boost Up Education - Пелагонка 2, Битола.
Вкупната цена на обуката е 12.000 денари.
Со завршувањето на оваа обука, ќе бидете подготвени да работите во козметички салони, спа центри или да изберете сабовработување. Придобивките вклучуваат:
- Професионални Вештини: Стекнување на напредни вештини и техники за депилација.
- Сертификација: Добиен сертификат кој ќе ви помогне да се истакнете на пазарот на трудот.
- Практично Искуство: Стекнување практично искуство преку директна работа со клиенти.
- Зголемена Самодоверба: Развивање на самодоверба и професионализам во вашиот пристап.
- Отворање на нови можности за вработување и професионален развој.
Времетраење: 5 недели.
Часовите се одржуваат еднаш неделно по два часа од 45 минути.
Место на реализација: Во просториите на Boost Up Education - Пелагонка 2, Битола.
Цена: 16.000 денари.