Албански јазик за конверзација
Вовед во курсот
Оваа обука е идеална за сите кои сакаат да го надградат своето владеење на албанскиот јазик на основно и напредно ниво.
Главната цел на обуката е да ги зголеми вашите јазични способности, да ви овозможи да комуницирате со повеќе увереност на албански и да го збогати вашиот речник со професионални изрази и термини.
Покрај тоа, обуката цели да ги подобри вашите вештини за комуникација на албански, што ќе ви помогне успешно да се справите во секојдневните и професионалните ситуации.
Нашата програма е скроена за да одговара на индивидуалните потреби и нивоа на знаење на нашите студенти. Вршиме персонализирани сесии, прилагодени на специфичните потреби и степенот на владеење на јазикот на самиот ученик.
Во текот на часовите, студентите ќе го зголемат својот речник на основно и професионално ниво, додека истовремено ќе го усовршат своето разбирање на граматичките правила. Часовите вклучуваат различни активности како писмено вежбање, слушање на текстови и водење дискусии врз одредена тема, што им овозможува на студентите да го применат своето ново стекнато знаење во реални ситуации.
Обуката се одржува индивидуално или во мали групи. Групите се составени од најмногу тројца ученици, што ни овозможува да им обезбедиме максимално посветување и внимание на секој од нив.
Обуката трае 4 месеци и вклучува редовни активности.
Има постојани активни уписи.
Часовите се одржуваат онлајн или во просториите на Boost Up Education - Пелагонка 2, Битола.
Цената на обуката е 12.000 денари, односно 3.000 денари месечно. Но за целосна уплата на обуката, добивате 20% попуст, односно цената ќе изнесува 9.600 денари.
Нашите обуки целосно ги подготвуваат учесниците за секојдневната комуникација и бизнис разговори на англиски јазик. Преку практични вежби и сценарија, студентите ќе ги усовршат своите вештини за работа во конкретни секојдневни и деловни ситуации.
Од обуката, студентите ќе научат како да организираат и водат состаноци на англиски, како и да прават презентации со сигурност и убедливост. Врз основа на практични сценарија, ќе ги развијат своите вештини за разговор по телефон, давање на предлози, сугестии, совети, како и согласувања и несогласувања.
Обуката вклучува и модули за давање на препораки и насоки, дискусии за бизнис околината и економијата, како и дебатирање на различни теми. Студентите ќе имаат можност да разговараат и да се запознаат со стручната терминологија во различни области, вклучувајќи ИТ, право, медицина, маркетинг, продажба и други, според нивните интереси и потреби.
Покрај сигурното стекнато знаење, студентот добива и сертификат за успешно завршена обука, зависно од нивото кое го стекнал во текот на обуката.
Добивате исто и стекнат вокабулат и флуентност кога разговарате на албански јазик секојдневно, но и во деловни ситуации.
Нудиме и помош околу изработка на CV и симулација на интервју на албански јазик, со цел поефективно добивање на работна позиција.
Времетраење: 4 месеци
Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа од 45 мин.
Часовите се одржуваат онлајн или во просториите на Boost Up Education - Пелагонка 2, Битола.
Цената на обуката е 12.000 денари, односно 3.000 денари месечно. Но, за целосна уплата на обуката, добивате 20% попуст, односно цената ќе изнесува 9.600 денари.