Boost Up

Напреден Microsoft Excel

Вовед во курсот

Excel е еден од најважните делови од MS Office пакетот.

Овој дел од Microsoft Office има широка примена во економскиот, правниот, техничкиот и образовниот сектор. Excel го користат сите, почнувајќи од средношколци, студенти, па се до вработени лица на административни позиции во мали, средни и големи компании.

Исто така го користат и професори, бизнис аналитичари, банкари, менаџери и нивните клиенти.

Нашата програма е креирана за да одговара на индивидуалните потреби и нивоа на знаење на нашите студенти. Вршиме персонализирани сесии, прилагодени на специфичните потреби на студентот.

Запознавање со Excel екранот и негова костумизација согласно потребите на корисникот.

Kреирање на сопствен template и модифицирање на однапред креирани templates со што се овозможува заштеда на време.

Примена на основни и сложени формули се со цел обработка и подготување на податоците за понатамошна анализа.

Класифицирање на податоци, сортирање и филтрирање се со цел креирање оптимизиран преглед приспособен на потребите на крајните корисници .

Користење на напредни техники за визуализација на податоци во вид на графикони и дијаграми што овозможува навремено детектирање на трендови кои во огромни низи на необработени податоци се лесно незабележливи, а исходот може да биде погрешна бизнис одлука.

Преку промена на конкретни варијабли алатката “Scenario Manager” нуди конкретни решенија кои помагаат фокусот на корисникот да биде насочен кон остварување на посакуваниот резултат.

Курсот се одржува индивидуално или во мали групи. Групите се составени од најмногу тројца ученици, што ни овозможува да им обезбедиме максимално посветување и внимание на секој од нив.

Индивидуалните часови се оддржуваат двапати неделно со времетраење од 45 минути, а групните часови се оддржуваат двапати неделно со времетраење од еден час.

Обуката трае трае 1 месец и вклучува редовни активности.

Има постојани активни уписи.

Часовите се одржуваат онлајн или во просториите на Boost Up Education - Пелагонка 2, Битола.

Цената на обуката е 6.000 денари.

Еxcel е погоден за сите лица кои имаат секојдневен контакт со податоци и секако е наменет за сите оние кои сакаат да го изучуваат и пронаоѓаат предизвик во континуираното усовршување. 

Преку низа на практични примери кои што помагаат за брзо и лесно совладување на целиот материјал и сите делови на оваа програма студентите ќе го подигнат своето знаење од основно до напредно ниво.

По завршувањето на оваа обука студентите ќе може да го работат овај дел на Microsoft Office без никакви потешкотии. Со леснотија ќе може да ги решаваат задачите на факултет, училиште, или да манипулираат со податоците што им се зададени на работната позиција.

И секако по завршената обука студентите добиваат сертификат.

Времетраење: 1 месец

Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа од 45 мин.

Часовите се одржуваат онлајн или во просториите на Boost Up Education - Пелагонка 2, Битола.

Цената на обуката е 6000 денари.

Започнете ја кариерата
со практично учење