Boost Up

Аналитика на податоци со Power BI

Вовед во курсот

Податоците се извор на енергија на секоја модерна организација, а аналитичарите на податоци со вештини за Power BI се сè повеќе барани. Power BI е моќна алатка за деловна интелигенција и аналитика која им помага на организациите да извлечат вредни сознанија од нивните податоци.

Постојат многу карактеристики на Power BI кои ја прават одлична алатка за анализа на податоци. Можеби најмоќната карактеристика е нејзината способност да се поврзе со различни извори на податоци. Ова ви дава можност да пристапите до сите ваши податоци на едно место, а потоа да ги користите визуелизациите и алатките на Power BI за да ги анализирате. 

Но, да се биде аналитичар на податоци со Power BI не е само користење на вистинските алатки - туку и развивање на вистинскиот сет на вештини. 

Power BI е услуга за деловна интелигенција и аналитика базирана на cloud, која им овозможува на корисниците да ги визуелизираат и анализираат податоците со поголема брзина, ефикасност и разбирање. Ги поврзува корисниците со широк опсег на извори на податоци, вклучително Excel, JSON и My SQL бази на податоци. Со Power BI, корисниците можат да креираат високо приспособени извештаи и контролни табли кои лесно може да се споделат со колегите и клиентите.

Како аналитичар на податоци, ќе бидете подговорни за работа со големи бази на податоци со цел креирање анализи на податоци кои се чуваат во различни типови на документи и бази на податоци, со примена на autoML. Оваа обука ќе ви помогне да ги користите вашите аналитички вештини преку кои ќе можете да давате препораки за подобрување на деловното работење. Покрај вашите аналитички вештини, ќе се стекнете и со комуникациски и презентациски вештини со цел ефективно пренесување на податоците на сите засегнатите страни.

Како аналитичар на податоци, ќе играте клучна улога во помагањето на бизнисите да ги разберат своите податоци и да донесат правилни одлуки. Со постојаното зголемување на количината на податоци што се генерираат, на бизнисите им се потребни аналитичари сега повеќе од кога било за да им помогнат да ги просеат сите информации и да најдат вредни сознанија кои можат да ја подобрат успешноста  на една компанија. 

Ако имате аналитички вештини и вештини за решавање проблеми, заедно со способност јасно да комуницирате сложени идеи, тогаш кариерата како аналитичар на податоци може да биде совршена за вас!

Без разлика дали сте нов во Power BI или сакате да ги зголемете своите вештини,  оваа обука ќе ви помогне да го извлечете максимумот од алатката Power BI.

Примери од реалниот свет за аналитика на податоци со Power BI

Има многу примери за анализа на податоци со Power BI во реалниот свет. Еве неколку

  1. Компаниите користат Power BI за да ги следат и анализираат моделите за купување на клиентите. Овие информации се користат за подобрување на маркетинг стратегиите, таргетирање на нови клиенти и зголемување на продажбата.
  2. Банките користат Power BI за да ги следат и анализираат сите податоци за своите клиенти, со цел изработка на различни извештаи, како и следење на текот на работа.
  3. Болниците користат Power BI за да ги следат резултатите на пациентите. Овие се користат за подобрување на плановите за лекување и зголемување на квалитетот на негата на пациентите.

Технологии кои ќе се изучуваат:

  • MySQL
  • Postgresql
  • MongoDB
  • JSON
  • XML
  • AutoML
  • Power BI

Времетраење: 4 месеци

Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа од 60 мин.

Цена: 32.000 денари, плаќањето може да биде на 4 месечни рати по 8.000 денари.

За целосна уплата, цената на обуката е со 10% попуст.

Реализација: со физичко присуство (Битола) или онлајн.

Почеток: 1ви март 2023 год.

Започнете ја кариерата
со практично учење