Обука за AutoCAD
Вовед во курсот
Преку оваа обука ќе научите да работите во AutoCAD – најпознатиот софтвер за детално техничко цртање од областа на проектирање и дизајн, користен од архитекти, инженери, 3D артисти и е една од основните и најбараните алатки во оваа област.
Преку изучување на софтверот (CAD-Computer-aided design), студентот ќе го научи процесот на изработка на 2D цртежи за дизајн, планови,проектна документација.
Оваа обука е наменета за:
- архитекти
- машински и градежни инженери
- геодети и сите оние кои се занимаваат или сакаат да работат со проектирање
- мерење
- 3D моделирање и внатрешен дизајн.
Исто така е наменета и за студенти и за ученици кои сакаат да го продолжат или да го збогатат своето знаење од оваа област.
По завршувањето на обуката студентот ќе добие основно познавање за цртање на технички цртежи, нивна модификација и манипулација со употреба на основни команди за цртање и едитирање, како и припрема на цртежот за принтање или конвертирање во соодветен формат за приказ.
Потребни предзнаења за обуката: Основни познавања на работа со компјутери и Windows.
-Работна околина, запознавање и подесување на основни параметри
-Преглед на работната околина, контрола на цртежот
-Подесување на единици за техничко цртање
-Цртање на линија
-Цртање на круг
-Цртање на правоаголник,многуаголник
-Цртање на полигони
-Цртање на лак
-Исполна, штрафирање на објекти
-Цртање под прав или под даден агол
-Подесување на влезни информации при цртање
-Подесување на референтни точки при цртање
-Копирање и поместување на објекти
-Ротирање и размерување на објекти
-Пресликување и рамномерно распределување на објекти
-Скратување и продолжување
-Спојување на објекти праволиниски или заоблено
-Подредување на објекти
-Креирање на леери
-Користење на својствата за подесување на леери
-Едитирање на леери
-Креаирање на блокови
-Едитирање на блокови
-Креирање на групи
-Едитирање на групи
-Подесување на својства на објекти
-Креирање на линеарни и аголни коти
-Подесување на коти
-Креирање на текст
-Креирање на показатели
– Подготовка на посебен темплејт со задавање наслов
– Плотирање, печатење на цртежи
Времетраење: 2 месеци
Часовите се одржуваат 2 пати неделно по 2 часа .
Цена: 16.000 денари, плаќањето може да биде на 2 месечни рати.
За целосна уплата, цената на обуката е со 10% попуст.
Реализација: со физичко присуство (Битола) или онлајн.
Почеток: 1ви март 2023 год.