Boost Up

Обука за диспечер во транспортна компанија во Америка

Вовед во обуката

Современата транспортна индустрија бара брзи, организирани и прецизни професионалци кои знаат да управуваат со логистички процеси, возачи и транспортни задачи. Обуката за Диспечер во транспортна компанија во Америка е наменета за сите кои сакаат да изградат сигурна и практична кариера во областа на транспортот и логистиката, со фокус на реална работа, софтверски алатки и ефективна комуникација. Обуката е креирана според потребите на пазарот на труд и комбинира теоретска настава и интензивна практична обука, со што учесниците стекнуваат применливи знаења уште од првиот ден.

Преглед на обуката

Во рамки на обуката, учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини од следните области:

  • Вовед во планирање и организирање на работни активности во транспорт
  • Организација и координација на транспортни задачи
  • Работа со DAT платформа и логистички алатки
  • Комуникација помеѓу брокер – диспечер – возач
  • Прием, следење и распределба на транспортни налози
  • Следење на движење на возила, временски услови и рути
  • Ажурирање и водење Excel табели за диспечери
  • Административно работење и основи на деловна комуникација
  • Безбедност при работа и професионална етика

 

Програмата е фокусирана на реални работни ситуации, практични примери и симулации, со цел учесниците да бидат подготвени за самостојна работа по завршувањето.

  • Обуката е со времетраење од 3 месеци.
  • Програмата се изведува 2 пати неделно по 2 часа, или во сабота 4 часа.
  • Часовите се одржуваат во Скопје и онлајн.
  • Вкупната цена на обуката е 18.000 денари, со можност за плаќање на 3 рати по 6.000 денари.
  • Почеток на нова група: 20 февруари 2026

Со завршување на програмата Диспечер во патен сообраќај, ќе стекнеш:

  • Практични знаења применливи веднаш во работа
  • Подготвеност за работа во транспортни и логистички компании
  • Вештини за организација, комуникација и управување со транспорт
  • Познавање на современи дигитални алатки и платформи
  • Зголемена конкурентност на пазарот на труд
  • Сертификат за Диспечер во патен сообраќај

 

Оваа обука е одличен избор и за почетници, но и за лица кои сакаат преквалификација
или надградба на своето професионално знаење.

Времетраење: 3 месеци, 2 пати неделно по 2 часа или во сабота 4 часа

Вкупната цена на обуката е 18.000 денари, со можност за плаќање на 3 месечни рати по 6.000 денари.

Часовите се одржуваат во Скопје или онлајн

Почеток на нова група: април 2026

Започнете ја кариерата
со практично учење