Обука за ракувач со кран и кранска дигалка
Опис на обуката
Обуката за ракувач со кран и кранска дигалка опфаќа теоретско и практично оспособување на кандидатите за безбедно, правилно и ефикасно ракување со кранска опрема при подигање, пренос и спуштање на товар.
Програмата овозможува стекнување знаења за конструкцијата и функционирањето на крановите и кранските дигалки, правилното користење на командите и уредите за управување, правилното прикачување и преместување на товар, стабилноста и носивоста, како и примената на мерки за безбедност и заштита при работа.
Практичниот дел се реализира со работа на кранска опрема под надзор на стручен едукатор, со цел кандидатите да стекнат практични вештини потребни за безбедно извршување на работните задачи.
- Кран и кранска дигалка – основни карактеристики и намена
- Видови кранови и крански дигалки и нивна примена
- Основни делови и конструкција
- Механизми за подигање и преместување товар
- Команди, управувачки уреди и инструменти
- Носивост и товарни дијаграми
- Стабилност и рамнотежа при подигање товар
- Средства за врзување и подигање товар
- Куки, сајли, синџири и други средства за подигање
- Правилно прикачување и обезбедување на товар
- Подигање, спуштање и хоризонтално преместување товар
- Безбедност и заштита при работа
- Сигнализација и комуникација со сигналист
- Проверка на опремата пред започнување со работа
- Основи на одржување
- Препознавање и пријавување на неисправности
- Работа во индустриски, производни и магацински услови
- Безбедно маневрирање и позиционирање на товар
- Практична обука за ракување со кранска опрема
МОДУЛ 1 – ОСНОВИ НА КРАНОВИ И КРАНСКИ ДИГАЛКИ
Теоретски дел
- Видови кранови и крански дигалки
- Нивна намена и области на примена
- Основни делови и конструкција
- Носечка конструкција
- Механизам за подигање
- Механизам за движење и преместување
- Куки и уреди за прикачување товар
- Електрични и механички компоненти
- Команди и управувачки уреди
- Инструменти и сигнални уреди
Практичен дел
- Запознавање со кранската опрема
- Идентификација на основните делови
- Запознавање со командите и управувачките уреди
- Правилно користење на командите
- Основни движења на кранската опрема
- Подигање и спуштање без товар
- Правилно запирање на опремата
МОДУЛ 2 – БЕЗБЕДНОСТ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА
Теоретски дел
- Основни правила за безбедна работа со кран
- Проверка на опремата пред започнување со работа
- Проверка на кука, сајли, синџири и други средства
- Проверка на сопирачки и механизми
- Проверка на командите и сигналните уреди
- Најчести опасности и ризици
- Безбедносни зони при работа
- Забранети начини на работа
- Работа во близина на лица, објекти и друга опрема
- Постапување при дефект или опасна ситуација
Практичен дел
- Дневна визуелна проверка
- Проверка на средствата за подигање
- Препознавање на неисправности
- Правилно подготвување на опремата за работа
- Проверка на работниот простор
- Безбедно стартување и запирање
МОДУЛ 3 – ТОВАР, НОСИВОСТ И ПРАВИЛНО ПРИКАЧУВАЊЕ
Теоретски дел
- Носивост на кранската опрема
- Тежина на товарот
- Центар на тежиште
- Распределба на товарот
- Товарни дијаграми и ознаки
- Избор на соодветни средства за подигање
- Сајли, синџири, куки и шегели
- Правилно прикачување и обезбедување на товар
- Опасности од нестабилен или неправилно прикачен товар
Практичен дел
- Избор на соодветно средство за подигање
- Проверка на средствата пред употреба
- Правилно прикачување на товар
- Проверка на рамнотежа
- Пробно подигање
- Корекција на положбата на товарот
- Безбедно подигање и спуштање
МОДУЛ 4 – УПРАВУВАЊЕ, ПОДИГАЊЕ И ПРЕМЕСТУВАЊЕ ТОВАР
Теоретски дел
- Основни правила при подигање товар
- Подигање и спуштање товар
- Хоризонтално преместување
- Комбинирање на движењата
- Правилно позиционирање на товар
- Маневрирање во ограничен простор
- Работа во производни и магацински услови
- Безбедно преместување товар над определена траса
- Контрола на товарот во текот на движењето
Практичен дел
- Подигање товар од почетна позиција
- Спуштање товар
- Хоризонтално преместување
- Прецизно позиционирање
- Преместување товар низ определена траса
- Работа во ограничен простор
- Маневрирање со товар
- Безбедно оставање на товарот
МОДУЛ 5 – СИГНАЛИЗАЦИЈА, ОДРЖУВАЊЕ И ЗАВРШНА ПРОВЕРКА
Теоретски дел
- Основни сигнали при работа со кран
- Комуникација меѓу ракувач и сигналист
- Рачни сигнали
- Правила при прекин на комуникацијата
- Основно одржување на кранската опрема
- Препознавање и пријавување дефекти
- Постапување при неправилност
- Правилно завршување на работата
- Безбедно оставање на кранската опрема
Практичен дел
- Работа со сигналист
- Следење на рачни сигнали
- Подигање и преместување товар според зададени сигнали
- Прецизно позиционирање
- Практична симулација на реална работна задача
- Безбедно завршување на работата
- Комплетна практична проверка
ЗАВРШНА ПРОВЕРКА
По завршувањето на теоретскиот и практичниот дел, кандидатите полагаат завршна проверка која опфаќа:
Кандидатите кои успешно ја завршат обуката и ги исполнат критериумите за завршната проверка добиваат сертификат а успешно завршена обука, согласно статусот и применливите услови за програмата.
Вкупно времетраење: 40 наставни часа
Обуката се реализира во период од: 5 средби × 8 наставни часа
Програмата опфаќа комбинација од теоретска и практична настава.
Точната динамика на реализација се утврдува во договор со едукаторот и во зависност од организацијата на групата и условите за практична работа.
Почеток: Веднаш по формирање на група.
Точните датуми и термини се определуваат согласно договорената динамика на групата и едукаторот.
За кандидати кои ја посетуваат целокупната обука
- Цена на обуката: 28.000 денари по учесник.
- Цената важи за формирана група од минимум 6 учесници.
- За групи со повеќе од 6 учесници, се одобрува дополнителен
попуст од 10% по учесник. - По успешно завршување на теоретскиот и практичниот дел од обуката
и успешно положена завршна проверка, кандидатот стекнува
сертификат за успешно завршена обука за ракувач со кран
и кранска дигалка.
За кандидати со претходно работно искуство во ракување со кранска опрема
- Кандидатите кои веќе работат како ракувачи со кран и кранска
дигалка имаат можност за полагање на завршна проверка за
утврдување на теоретското знаење и практичните вештини,
без посетување на целокупната обука. - Цена за полагање и стекнување сертификат:
7.000 денари по кандидат. - По успешно положена завршна проверка, кандидатот стекнува
сертификат за успешно завршена обука за ракувач со кран
и кранска дигалка. - Полагањето се реализира согласно утврдените услови и динамика
на организаторот на обуката.
Времетраење: 40 часа (5 средби по 8 часа), со комбинација од теоретска и практична настава, по договор со едукатор и според утврдена динамика.
Почеток на обуката: веднаш по формирање на група. Точните датуми и термини се определуваат согласно договорената динамика на групата и едукаторот.
Вкупната цена на обуката е 28.000 денари по учесник. Наведената цена важи за формирана група од минимум 6 учесници.
За групи со повеќе од 6 учесници, се одобрува дополнителен попуст од 10% по учесник.
Цена за полагање и стекнување сертификат: 7.000 денари по кандидат. Полагањето се реализира согласно утврдените услови и динамика на организаторот на обуката.